
Синоќа околу 19:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.Р.(26) и В.А.(24), двете од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, младите скопјанки биле приведени постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
При преземање мерки и извршен преглед, кај В.А. бил пронајден остар предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.