Младата Софија Петковска освои трето место на меѓународниот натпревар „Млади таленти“

Вчера во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје се одржа меѓународниот натпревар „Млади таленти“ кој поради пандемијата од Ковид - 19 се организираше под посебни здравствени протоколи.  Една од младите таленти кој настапија на овој натпревар е Софија Петковска која го освои третото место во Пијано Дисциплината.

Под менторство на професорот Марија Диманин Богоевска и со несебична љубов, посветеност и работа се создаваат млади, надежни таленти пред кои во животот се многу успеси.

Во време на пандемија кога се соочуваме со многу затворени врати, желбта и посветеноста не носат кон убави денови и нови успеси. Ваквите настани и наградите кои ги добиваат млади музичари се причина за убаво расположение и многу насмевки.