Младата Месечина во Вага носи среќа за три знаци

Вечерва небото е осветлено со младата Месечина во Вага.

Photo by Jim Strasma on Unsplash

Ова е транзит кој ни носи слатка и романтична енергија за разлика од изминатиот период кога шест планети беа ретроградни, па чувствувавме тежина и тензија. 

Време е да успориме, да уживаме во убавите моменти и да го најдеме задоволството во малите нешта.

Оваа млада Месечина носи среќа за три знаци.

Овен

Оваа млада Месечина го погодува вашиот сектор на романтичните односи и партнерствата што може да ве насочи да ја ставите љубовта на прво место. Потребна ви е хармонија во оваа област, па иако оваа енергија може да ви делува како да треба да направите нешто што се коси со вашите лични вредности и енергија, сепак е лесна и убава енергија која ќе ви донесе задоволство и романса. Не се плашете од тоа да ги покажете своите чувства и да бидете ранливи. 

Рак

Вие сте знак кој е највеќе погоден од транзитите на Месечината бидејќи таа е вашата владетелка. Овој пат, таа ви носи новини и нови почетоци кои ви овозможуваат поврзување со другите, но и хармонија во домот. Сега е совршено време да бидете со своите најблиски и да поминете време со оние кои ви се најважни. Можно е да бидете поттикнати да направите и промени во овој дел, но сето ова ќе ви донесе среќа и задоволство.

Вага

Младата Месечина вечерва е во вашиот знак и иако љубовните односи се на прво место за вас, сепак ова е време кога ќе бидете инспирирани да тргнете и на ново лично патување. Ќе бидете храбри и љубопитни, па тоа може да ве однесе на места каде не сте ни помислиле дека ќе сакате да бидете. Но, не се плашете, бидејќи најмногу од сè, оваа млада Месечина ви носи радост, баланс и хармонија.