Младата Месечина во Јарец нè потсетува: Најголемата моќ лежи во нас самите

Младата Месечина ни доаѓа во среда, на 13 јануари во знакот Јарец.

Универзумот ни порачува да се подготвиме за трансформација. Време е да се ослободиме од деструктивното минато и да погледнеме на местата во нашиот живот каде ни се потребни промени. Кажете им не на оние работи кои се токсични за вас.

Младата Месечина е секогаш симбол на крај и нови почетоци, а влијанието на Плутон дополнително го интензивира тоа. Станува невозможно да останете на едно исто место и да очекувате дека работите ќе се сменат сами од себе.

Младата Месечина ни ги испраќа следните пораки:

  1. Моќта лежи во нас самите, само ни е потребно да утврдиме каква промена ни е потребна за да бидеме поисполнети и посреќни
  2. Минатото со причина е минато а гледањето назад не ни носи ништо добро
  3. Разбудете ја страста за интересите и промените кои ќе ве донесат кон подобар живот
  4. Потребен е крај за да дојде до нов почеток
  5. Нашата потсвест е главен увид за тоа што ни се случува во мислите

Да ги оставиме лошите начини на однесување зад себе, а тоа да биде за наше добро? 

Јас избирам за самиот себеси, тоа е главната порака на оваа млада Месечина во Јарец. Јарецот е практичен, сериозен и приземјен. Тој ќе ни помогне во тоа.