Млада велосипедистка тешко повредена во сообраќајка во Скопје

На 10.09.2021 околу 13.30 часот на ул.Јордан Мијалков во Скопје, мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје.

По незгодата Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор и се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.