Млада велосипедистка прегазена во Охрид

Тешко повредена млада велосипедистка во Охрид. 

На 27.09.2022 во 21.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека околу 19.00 часот на кружната крстосница од ул.„15 Корпус“, ул.„7 Ноември“, ул.„Железничка“ и ул.„Ристо Чадо“ во Охрид, патничко возило „шкода октавија“, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид, соопшти полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.