Млада велешанка уапсена за дрога.
- На 07.11.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ја лишиле од слобода Р.Д.(20) од Велес затоа што кај неа била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Р.Д. била приведена во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори", информираа од полицијата.