Млада тетовчанка приведена во Скопје, сторила кривично дело и се барала со потерница

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 23.45 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово.

Таа била бара по потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна и поради сомнение дека околу 23.00 часот на 17.05.2022 одзела предмет од возило на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, сопственост на М.Т.(48) од Скопје, информираат од полицијата. 

Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото. При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (18.05.2022), таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.