Млада скопјанка пронајдена мртва во стан

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека вчера била пронајдена мртва жена во стан.

-На 08.12.2022 во 14.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, по што телото на починатата било дадено на обдукција.