Млада скопјанка паднала од тераса и се повредила, минувачи ја забележале на тротоар

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Т.С.(34) од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса, се вели во полицискиот билтен. 

Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.