Млада скопјанка организираше акција за поставување на клупи во Карпош

Две клупи во црвена боја, е новитетот во општина Карпош. Мартина Димоска е млада скопјанка, која со донации и продавање на маици, придонесе општината да се збогати со нешто ново. 

Убави, црвени, поразлични, клупи кои потсетуваат на радост. 

„Поставивме две клупи во Општина Карпош кои се всушност нарачани од мене и средствата добиени од маичките #МршКучи. Ви благодарам за сите што нарачавте и ме поддржавте!

Сакав да направиме нешто поразлично и колективно, а да се чувствувате како да сте придонеле. Освен донациите на луѓе на кои што тоа им е потребно, сакав да придонесеме во општествено добро. Првото е од ваков калибар.“