Млада скопјанка излета од пат со „клио“, пренесена е на лекување

 

Млада жена е тешко повредена откако со возило излета од пат во скопско. 

Ккао што известија од полицијата, вчера во 13:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во атар на село Сушица, општина Петровец, патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.