Млада Месечина во Водолија на 21 јануари: Што им носи на хороскопските знаци?

За време на младата Месечина, Сонцето и Месечината се заедно на земјата, а комбинацијата на ваквите енергии е одлична за да замислиме желба. 

Photo by Jim Strasma on Unsplash

Оваа млада Месечина е во Водолија, најиновативниот знак во хороскопот. Таа носи силна енергија што значи дека е време да се посветиме на своите вибрации и енергијата која ја праќаме кон светот, но и ја примаме кон себе. Таа доаѓа како луѓе, проекти, ресурси и нешта кои се дел од нашиот живот. 

Исто како што го миеме своето лице за да започнеме со денот, така можеме да поставиме и фреквенција за себе. Но, прво треба да се познаваме себеси и да знаеме кои сме вистински. 

Што ги очекува хороскопските знаци за време на овој транзит?

Овен

Вие сте извор на големо знаење. Колку повеќе споделувате со другите, толку повеќе добивате назад. Вашите пораки имаат смисла, а и одлично комуницирате со луѓето околу вас. Светлината на младата Месечина ви носи љубов кон себеси, но и храброст.

Бик

Иако можеби се чувствувате како да сте во непозната територија, ништо не е ново за вас. Дајте си само можност да верувате во својата способност да се потпрете на интуицијата и да се носите со предизвиците кои ви ги носи животот. Не се плашете од непознатото. Младата Месечина е потсетник за вас дека среќата доаѓа тогаш кога верувате дека ја заслужувате.

Близнаци

Најдете причина за да целите кон повеќе. Младата Месечина ве предизвикува да се насочите кон натамошно усовршување, образование и личен развој. Имајте за цел да развиете нови вештини. Како што полека ќе се тргаме од сенката на ретроградниот Меркур, полека ќе ви стане јасно како тоа придонесува кон вашите долгорочни цели.

Рак

Секој ден е нов почеток и нова можност да го оставите минатото зад себе. можеби не знаете точно во која фаза се наоѓате и какви одговорности ви носи тоа, но верувајте дека после месеци и години, време е да тргнете цврсто напред кон иднината која ја посакувате, но и заслужувате. 

Лав

За родените во овој знак, младата Месечина го осветлува нивниот сектор на односи, со другите луѓе но може да донесе и мала нервоза во однос на вашиот професионален живот. Ако имате некакво прашање, побарајте да ги најдете одговорите. Можеби ќе бидете изненадени од тоа што ќе го најдете. 

Девица

Девиците обожаваат кога се професионално ангажирани, а оваа млада Месечина носи можност да се впуштат во нов проект и да бидат успешни на ова поле. Верувајте му на процесот и ослободете се од грижите. Не е важно да знаете што треба да направите, важно е што вие го имате знаењето и способноста да се носите со различни ситуации. Верувајте дека одговорите ќе дојдат до вас.

Вага

Една од вашите силни страсни е вашата способност да одлучите со кого сакате да ја делите својата енергија. Вие имате свој круг на луѓе и не ја расфрлате енергијата насекаде, што ве прави еден од најсреќните знаци во хороскопот. Но, младата Месечина ве поттикнува да размислите што може да ви донесе повеќе радост во животот и како да дојдете до тоа. 

Шкорпија

Домот и семејните односи се во центарот на вниманието за родените во овој знак за време на младата Месечина. Што значи домот за вас? Тоа не е една адреса, или пак местото во кое сте родени, туку многу повеќе -  за вас домот е чувство на сигурност, љубов и припаѓање. За некои Шкорпии, овој транзит може да предизвика и промени во местото на живеење, а за други пак навраќање на некои спомени од детството.

Стрелец

За Стрелците доаѓа еволуција. Се чувствувате како да оставате еден дел од себе во минатото, а сте подготвени за нови почетоци со сите нови лекции кои ги имате научени. Викендот ви носи хумор, смеа и радост, но и новини. Прво комуницирајте со себеси, бидете добри и љубезни кон себе, а потоа и со другите. 

Јарец

За родените во овој знак, времето поминато во домот им носи свесност за тоа кои се нивните вредности и верувања. Некогаш ви е тешко да дадете одговор на ова прашање, но длабоко во себе, вие го знаете тоа. Имајте на ум дека луѓето се различни од нив, па така секој од нас носи своја приказна, па и наслов на својата книга.

Водолија

Младата Месечина е во вашиот знак. Чувствувате како да достигнувате ново ниво во својот живот, но и дека имате многу научено од своите грешки, достигнувања, победи и порази. Растот е клучната тема која ќе ја започнете со овој транзит, но тој ќе биде важна тема за време на целата ваша сезона. 

Риби

За Рибите, младата Месечина е во знак на интуицијата. Уживајте во процесот и пробајте да излезете од својата сигурна зона. Засега, тоа е доволно. Исполнете го својот ум со убави мисли, лекции и важни теми кои се значајни за вас.