Млада Месечина во Девица на 6 септември: Што им носи на хороскопските знаци?

Ова е една од најмагичните млади месечини во текот на годината.

Таа ни доаѓа на небото на 6 септември и ќе биде во знакот Девица. Поддржана од Уран, оваа млада Месечина ни помага да ги усогласиме нашите цели, да поставиме стратегија и да добиеме поддршка од универзумот за големи промени.

Оваа млада Месечина ни носи особено добра енергија поради тоа што настапува во практичната и амбициозна Девица која сака организација и структура, а носи и добра енергија од Уран која е планета на промените, технологијата и изненадувањата. 

Но, што им носи овој транзит на хороскопските знаци?

Овен

Ова е период кога треба да го слушнете своето тело и да се фокусирате на својата добросостојба. Младата Месечина ќе ве охрабри да се грижите за себеси и да ставите фокус на она што е важно за да се чувствувате добро. Ваквата енергија ќе ви помогне да се погрижите за своето физичко и ментално здравје, но и да изградите рутина која ќе функционира за вас.

Бик

Поврзете се со својот внатрешен ументик. Младата Месечина ви помага да ја откриете креативноста во себе, но и да најдете можност за романса. Светот е убаво место, а вие само треба да си дадете дозвола да чувствувате, да создавате и да се вљубувате. Не се спречувајте себеси во таквиот процес.

Близнаци

Младата Месечина ве носи дома. Ова е транзит кој ви носи можност да поминете повеќе време дома каде се чувствувате најбезбедно, но и време во кое треба да се поврзете со своите корени и да бидете личноста која што сте. Најдете начин да го направите тоа и да минете повеќе време со своето семејство.

Рак

Се поврзувате со својот внатрешен глас. Време е да се слушнете себеси, но и другите и да ги подобрите своите комуникациски вештини. Вашиот ум има голем потенцијал, важно е само да го активирате. Предизвикајте се себеси.

Лав

Младата Месечина ве охрабрува да ја почувствувате земјата под своите стапала и да бидете благодарни за сите нешта кои ги имате во животот. Освен тоа, ова е совршено време да одлучите што ви е потребно и што би сакале да постигнете следно. Поставете финансиски цели, купете нешто што сметате дека си го заслужувате и бидете свои.

Девица

Младата Месечина настапува во вашиот знак во вашата прва куќа на себеси, што значи дека вие сте центарот на универзумот, овој период. Ова е нов почеток за вас кој е поврзан со вашиот личен идентитет. Најдете време да се поврзете со другите на еден автентичен начин и поставете цели кои ќе ви помогнат да станете подобра верзија од себе.

Вага

Се ослободувате од голем товар. Оваа месечина ви помага да погледнете во себе, да медитирате на своите мисли и чувства и да видите што се крие под површината. Младата Месечина ви носи и можност фа се ослободите од грижите и нервозата и чувството дека стагнирате во место.

Шкорпија

Оваа млада Месечина ве доближува до луѓето кои размислуваат како вас. Таа ви помага да соработувате и да станете промената која сакате да ја видите во светот. Младата Месечина е одличен период да остварите нова реалност за себеси и да го манифестирате тоа.

Стрелец

Оваа млада Месечина става фокус на вашата кариера. Ви носи можност да поставите цели и да поработите на својата репутација и професионален успех. Посветете се на нешто што ви значи.

Јарец

Младата Месечина ве носи на нови места кои ви помагаат да ги видите работите на еден нов начин. Ова е одличен период да го испланирате своето следно патување, да стекнете нови вештини или пак само да бидете поспонтани во однос на можностите кои ви стојат на располагање.

Водолија

Овој транзит за вас е поврзан со тоа во што го инвестирате своето време, енергија и ресурси. Време е да се фокусирате на проекти и активности кои не ве истоштуваат, туку напротив ви помагаат да се развивате. Ослободете се од тоа што не ви служи и направете простор за нешто ново. 

Риби

Младата Месечина ви носи фокус на односите со другите луѓе. Ќе се чувствувате како да почнувате нешто ново, а за многу Риби кои не се во врска овој транзит носи можност да запознаат нова личност и да се заљубат. Оние другите пак, учат како да се подобри партнери.