Млада Месечина во Близнаци: Што им носи на хороскопските знаци?

На 30 мај ни доаѓа младата Месечина во Близнаци.

Овој транзит секогаш е простор за обновување, манифестација на нашите желби и нови почетоци. Но, кога младата Месечина е во Близнаци, енергијата е прекрасна. Истовремено, Меркур е ретрограден до 2 јуни, а кога оваа планета е ретроградна, во комбинација со Месечината, таа носи можност за рефлексија, обновување и нови нешта. 

Што им носи оваа млада Месечина на хороскопските знаци?

Овен

Бидете внимателни како се поставувате кон другите, бидејќи тоа ќе ви помогне да ги осигурате финансиите. Меркур е ретрограден во Бик а тоа ви носи простор да размислите за финансиите и она што можете да си го дозволите. Младата Месечина е инспирација да се изразите и да сфатите како се претставувате пред другите во согласност со вашите вредности. 

Бик

Вие сте личност што може да погледне кон себе и да си каже дека изминатиот период не донел никаков прогрес за вас, но тоа не е така. Самото тоа што сте посветени на вашите цели значи дека вие растете, созревате и успевате низ процесот. Сепак, за одредени цели потребно е повеќе време и затоа не треба да бидете претерано самокритични кон себе. Размислете што можете да смените во овој аспект и како да си помогнете себеси со повеќе оптимизам.

Близнаци

Ова е период кога е важно да најдете време за себе и да ги наполните батериите. Потребна ви е духовна пракса, а тоа не мора да биде ништо комплицирано, туку едноставно простор за себеси и можност да ги смирите своите мисли. Ако се чувствувате особено изгубено и потребна ви е поддршка, ова е само знак дека работите се менуваат наскоро.

Рак

Што е она што ви носи тешкотии во вашиот живот? Ретроградниот Меркур ви помага да утврдите каде треба да ја насочите својата енергија. Кој го заслужува вашето внимание? Ослободете се од претераното размислување кое не ве носи никаде и посветете се на анализа која ви ги дава вистинските одговори. 

Лав

Лавовите бараат причини да сонуваат, но тоа за нив е можност да целат кон нешто големо. Ретроградниот Меркур прави да се прашувате што е она што го оставате зад себе. Какво влијание имате на другите и на светот околу вас? Што е она што ви значи највеќе? Дајте си ги тие одговори и тргнете напред. 

Девица

За Девиците доаѓа нова можност за време на оваа млада Месечина. Ќе можете да го обновите своето знаење, а ќе се чувствувате и оптимистично особено додека Венера е во Бик. Посветете им време на вашите обврски, но не заборавајте и на забавата.

Вага

Време е да отворите нова книга. Најдете време да развиете нови идеи, бидејќи овој викенд ви носи силен потенцијал под светлината на младата Месечина. Се наоѓате во циклус кога е можно да сте поранливи во односите со другите, па дури и да сте оддалечени од нив, најдете време за себеси и за она што ви е важно да го постигнете.

Шкорпија

Колку сте добри во тоа да признаете дека грешите? Оваа млада Месечина ќе биде нежна кон вас, но само ако сте ранливи и искрени. Универзумот ви носи можност да рефлектирате и да утврдите што не функционира во вашите односи со другите. Размислете за тоа како се изразувате, какви сте кога не сте во право или пак кога се чувствувате нападнати. 

Стрелец

Сонцето и Месечината работат во ваша полза, особено во однос на вашите врски и односи со другите. Ако бевте зафатени изминатиот период, сега ќе биде лесно да нурнете во значајни конекции со другите. Универзумот ви носи многу случајни средби, а една од нив може да биде и судбинска. Отстанете отворени.

Јарец

Пред да сонувате, треба да почнете да создавате. Можеби ви звучи спротивно едно на друго, но треба да знаете дека најубавите работи се создаваат низ малите обиди, па дури и неуспеси. Не се плашете да преземете ризици за време на оваа млада Месечина. Сега е одлично време да се преиспитате каде сте и каде сакате да бидете преку вашите креативни проекти. 

Водолија

Времето поминато со семејството и во домот ќе биде прилично корисно за вас за време на младата Месечина. Ќе го цените тоа што го имате и ќе се чувствувате пријатно покрај своите најблиски.

Риби

Имате срце полно со чувства, но не се плашете да ги изразите. Младата Месечина ви носи можност да ги средите своите емоции, па и да најдете можност да ги покажете пред оние што ви значат.