Млада Месечина во Бик на 11 мај: Слушнете го своето срце

Младата Месечина во Бик ни доаѓа на 11 мај и ја почнува сезоната на помрачување.

Таа отвора лунарен циклус и води кон самото помрачување на 26 мај.

Младата Месечина претставува нов почеток, силна енергија, но  и од нас бара да се повлечеме и малку да размислиме во однос на следните чекори. Ќе почнете повеќе да се грижите за себеси, за своите потреби и амбиции, но ќе ги отворите и своите видици кон нови хоризонти. Ова е период на трансформација кон подобро, но носи и некои предизвици. 

Дозволете им на овие трансформации да се случат, слушнете го своето срце, поврзете се со интуицијата и верувајте во најдоброто. Бидејќи младата Месечина се случува во Бик, кој е одличен гостин. Енергијата на Биковите нè потсетува на задоволствата и пријатното чувство од она што ни носи убав енергија. Време е да уживаме без чувство на вина. Таа ни носи и можност за рефлексија, но и промена на нашите рутини. 

Всушност, како и Биковите не мора да брзаме никаде, доволно е да уживаме и да му дозволиме на срцето да нè води.