Млада и виртуозна гитаристка: Yasi Hofer со концерт во Скопје

Yasi Hofer е млада и виртуозна гитаристка која ќе го промовира својот нов албум "Faith" на европската турнеја која го опфаќа и Скопје.

По дипломирањето на Berklee College Of Music, Yasi ја делеше сцената со редица врвни имиња од светската сцена како Neil Young, UFO, Savoy Brown и други, но особено често гостува на концертите на маестралниот Stevie Vai кој вели дека Yasi му е омилена гитаристка.

Ваков комплимент од мајсторот секако има особена вредност и е причина повеќе да се уверите во нејзините квалитети на ексклузивниот концерт вo MЦ на 5-ти април со почеток во 21:00 часот , во огранизација на 3 Гонга.