Млада девојка прегазена во Скопје - со тешки повреди пренесена во болница

Млада девојка синоќа била прегазена во Скопје по што со тешки телесни повреди била пренесена во болница.

-На 24.11.2020 во 20,40 часот во Скопје, на бул.„Кочо Рацин“ пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.(25) од Скопје удрило во пешак А.Б.(20) од Скопје- информираат од МВР.

По незгодата А.Б. е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.