Млада девојка нападната од својот дечко пред кафуле

Скопјанка на 22-годишна возраст со иницијали С.Н. пријавила дека синоќа околу 2.50 часот била физички нападната од страна на нејзиното момче А.Н.(21).

Настанот се случил пред угостителски објект на улицата Анастас Митев во Скопје.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.