
Дваесет и едногодишна велешанка се здобила со тешки телесни повреди откако изгубила контрола над мотоциклот и паднала на улица во Велес.
Според информациите од МВР, на 10 октомври во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Академик Пенчо Давчев“, К.Ѓ. (21) од Велес, управувајќи мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото, излегла надвор од коловозот и паднала.
„При падот, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес“, информираат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.