
Полицијата со детали за сообраќајната несреќа што се случи доцна синоќа во центарот на Скопје. Млад возач „се забил“ во жардиниера.
- На 02.03.2026 во 22:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ и бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(23) од скопско, излетало од патот и удрило во канделабар, жардиниера и метален ормар, соопштија од МВР.
Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.