Млад велосипедист заврши со тешки повреди откако во него удрил „опел“

Уште еден велосипедист настрада на скопските улици. 

-На 30.06.2022 во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Исмаил Ќемали“ во Скопје, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(63) од Скопје, удрило во велосипедист В.Ж.(20) од Скопје, соопшти полицијата. 

По несреќата, В.Ж. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.