Млад Турчин уапсен во Охрид - осомничен е дека посредувал во проституција

Турски државјанин уапсен во Охрид поради сомнение дека учествувал во дејствија поврзани со врбување и намамување лице со цел вршење проституција.

Како што информираат од МВР, на 3 септември во 11:00 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот Р.К. од Истанбул.

Според пријавеното, тој се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање лице на друго лице со цел вршење проституција.

Од МВР посочуваат дека по целосното расветлување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.