Млад тракторист тешко повреден во скопско

Млад тракторист настрада во скопско. 

Вчера во 12:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од Национален парк Водно кон с.Горно Соње, трактор, управуван од С.Љ.(25) од Скопје, излетал од патот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.