
Вчера во 08:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улицата „Љуботенска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(20) од тетовското село Бродец и велосипед управуван од А.С.(75) од тетовското село Мала Речица.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
За настанот бил известен јавен обвинител.
Извршен бил и увид од увидна екипа од СВР Тетово.