Млад скопјанец уапсен среде ноќ на кеј на Вардар

Денеска (07.08.2024) во 01.50 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Т.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од полицијата во денешниот полициски билтен.