Млад скопјанец уапсен на Бит Пазар

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 16:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода 28-годишниот Б.Р.од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.