Млад скопјанец тешко повреден на работа

На 20.10.2021 околу 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Т.(32) од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил околу 14:50 часот додека вршел работни задачи, како вработен во фирма, на ул.„Киро Фетак“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.