Млад скопјанец пронајден починат во објект во изградба

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера, изутрина во СВР Скопје било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од нас.Илинден – Скопје, вработен во градежна фирма од Скопје.

- Смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор, информираат од полицијата. 

По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.

Во денешниот билтен, Министерството за внатрешни информираше и дека во селото Орман и во близина на реката Лепенец, пронајдено е тело на починато лице