Млад скопјанец повреден со остар предмет при напад од две лица

28-годишен скопјанец пријавил дека вчера (23.11.2022), бил нападнат од две лица, а едното од нив му нанело повреда со остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Случајот го пријавил во Полициската станица центар, а пријавил дека бил нападнат на бул.„Климент Охридски“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.