Млад скопјанец направил вистинска драма синоќа: Бил агресивен, нападнал полицајци, па им го оштетил службеното возило

Синоќа во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

Во полицискиот билтен се наведува дека при лишувањето, тој го оштетил и службеното возило на МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.