
Вчера во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(27) од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 27-годишниот скопјанец, најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници како и возачот на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон.
Потоа, излегол надвор од автобусот оштетил и патничко возило, а откако пристигнала полицијата физички нападнал полициски службеници.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.