Млад скопјанец нападнал полицајци

На 27.09.2021 околу 00:15 часот во населба Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(23) од Скопје затоа што се однесувал агресивно и физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.