Млад скопјанец нападнал полицаец во Ѓорче

Млад скопјанец физички нападнал полицаец. 

- На 19.01.2026 во 20:50 часот на ул.„Тодор Циповски Мерџан“ на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Т.(25) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од МВР. 

 По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.