Млад скопјанец ќе одговара кривично - полицијата му пронашла неколку видови дрога, оружје, куршуми и кеш

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 03.02.2026 ,полициски службеници  извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со тетрахидроканабинол и кокаин.

Исто така, пронајден бил ипиштол „Црвена Застава“, рамка со куршуми, како и парични средства во разни апоени.