Млад скопјанец е нова жртва на коронавирусот, девет починати во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починати се девет лица, помеѓу нив и млад 36 годишен скопјанец.

Останатите три пациенти се од Скопје ( 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861. 

– На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.