Млад скопјанец дома одгледувал канабис

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера во 13:45 часот, го лишиле од слобода Г.Р.(24) од Скопје.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.