Млад штипјанец фрлил дрога - Кривично ќе се гони тој и уште еден млад маж

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Д.(20) и И.З.(20) од Штип поради сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“.

„На 19.02.2026 во Штип, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, откако претходно го забележале пријавениот како ја фрлил, а со тоа се обидел да ги прикрие или уништи доказите“, информираат од МВР.

По документирање на случајот, против двајцата 20-годишници е поднесена кривична пријава.