Млад работник загина во близина на Неготино

 Дваесет и две годишник од кавадаречко село загина во несреќа при работа при премин со камион преку река во близина на пруга  во Неготинско, потврдија  за МИА од Здравствен дом Неготино.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, потврди за МИА дека според пријава од граѓанин, несреќа при работа се случила  на сепарација во неготинско село.

Увидот на полицијата е во тек.