Млад пешак прегазен од мотоцикл на регионалниот пат Куманово - Свети Николе

 

Млад пешак е прегазен во кумановско. 

На 14.03.2025 во 12.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(42) од Куманово, удрил во пешакот А.Н.(21) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.Н., констатирани во Ургентен центар Куманово, додека возачот Д.Д. се здобил со телесни повреди, соопштија од полицијата. 

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.