Млад пешак е тешко повреден во сообраќајка во Тетово

26-годишен пешак е тешко повреден откако бил прегазен од „голф“ во Тетово. 

На 23.09.2022 во 15.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Маршал Тито" во Тетово, патничко возило „фолксваген голф", со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(27) од скопско Дворце, удрило во 26-годишниот пешак Х.Ф. од Тетово, соопшти полицијата. 

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.