Млад мотоциклист прегази 76-годишник во Битола, тешко повредени се и двајцата

19-годишен мотоциклист прегази повозрасен пешак на една битолска улица. 

- На 09.07.2025 во 05.50 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Битола, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Д.И.(19) од Битола удрил во пешакот М.А.(76), двајцата од Битола. Со тешки телесни повреди се здобиле пешакот М.А. и мотоциклистот Д.И., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник В.Ц.(19) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола, известија од полицијата.

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.