Млад мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во скопско

Мотоциклист од Скопје е тешко повреден во сообраќајка во скопско. 

-На 04.09.2025 околу 20:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од с.Љуботен, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(28) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.