
Денеска, по полноќ околу 01:20 часот, во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, мопедист излетал од коловозот.
Д.Б. (22) од Нов Дојран, управувајќи мопед „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, при што се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гевгелија.
По преземените мерки, полицијата утврдила дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени биле 1,60 промили алкохол во крвта.