Млад маж пронајден починат кај Демир Капија

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 08.00 часот во с.Дрен, демиркаписко, бил пронајден починат Ш.У.(24) од Авганистан.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт со видливи повреди по телото. Извршен е увид и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информираат од полицијата.