Млад кумановец е тешко повреден, паднал од мотокултиватор

Млад кумановец е тешко повреден во собраќајна несреќа со трактор. 

- На 28.09.2025 во 15:20 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово,  А.С.(24) од Куманово, управувајќи мотокултиватор „имт 509“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.С., констатирани во Општата болница Куманово, известија од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.