Млад доктор загина во сообраќајката на Рузвелтова

Почина возачот на „цитроенот“ кој попладнето удри во дрво на „Рузвелтова“.Според неофицијални болнички извори, тој при возењето доживеал срцев удар, а медицинските работници го реанимирале час и половина.

Неофицијално на социјалните мрежи се прошири веста дека станува збор за 32-годишен доктор кој извршуваше и високи партиски функции во владејачката СДСМ. Медиумите претходно шпекулираа дека бил под дејство на алкохол, но болнички извори тврдат дека тоа не е точно.

Несреќата се случи во 16:35 часот помеѓу возила „цитроен“ и „опел“. Возачот на „цитроенот“ со Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“.

Веста на социјалните мрежи ја споделија високи функционери на владејачката СДСМ, но без детали за причината за смртта. 

„Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во буквално секое време.Даваше сè од себе работејќи во ковид центарот и периодов помогна на огромен број луѓе. За нас кои го познававме загубата е голема, а уште поголема е за здравствениот систем кој загуби врвен професионалец.“, напиша на фејсбук генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. 

 

Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во...

Posted by Ljupcho Nikolovski on Wednesday, October 14, 2020