Млад делчевчанец натепан од бившата сопруга и нејзиното семејство

Делчевчанец пријавил физички напад од страна на неговата поранешна сопруга и нејзиното семејство.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:45 часот во ОВР Берово, 30-годишник од делчевско село пријавил дека бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Е.Д.(29) и нејзините родители, од истото село.

По целосно документирање на случајот,  ќе следува соодветен поднесок.