МКЦ: Повик за избор на 6 авторски цртежи кои ќе бидат дел од галерија што ќе се реализира во катната гаража „26 Јули”

Младински културен центар (МКЦ) распиша повик за избор на шест авторски цртежи кои ќе бидат дел од галерија што ќе се реализира во катната гаража „26 Јули”. Повикот е во рамките на проектот „Градот убав или Скопје street and art gallery 2“, во организација на МКЦ и Град Скопје. Првата галерија беше промовирана лани во Градски трговски центар.

Повикот трае до 10 декември, а предвидено е да се слика во гаражата од 20 до 22 декември.

„Полињата за работа претставуваат чисти армирано-бетонски платна, кои генерално се слободни, но на дел од нив се поставени инсталации (електрични кабли, штекери, одводни цевки), кои треба да бидат вклучени во сликата на начин кој нема да ја загрози нивната функција“, стои во повикот.