МК корона вирус: Починати 2 лица, дијагностицирани 16 нови лица

Еден пациент на 91-годинша возраст кој осум дена бил во болница, и пациент на 31-годишна возраст, кој вчера бил ставен на респиратор, но за жал, утрово починал.

Вкупниот број на нови заболени е 16, со што вкупниот број се искачи на 257.

На Инфективно има тројца од Скопје и од Куманово. Вкупно има 48 луѓе во болницата.

Стабилна е состојбата на сите други, како и на оние кои се на домашно лекување.

За неколку дена седум пациенти ќе може да бидат пуштени дома, затоа што тестовите покажуваат дека се негативни на корона вирусот.